При екстремен студ, стаклата на автомобилот замрзнуваат. Сепак, понекогаш стаклото замрзнува одвнатре и тоа не треба да ве чуди или загрижува.
Нема голем проблем што не можете да го решите со малку труд.
Најчесто тоа се должи на премногу влага во внатрешноста на автомобилот. Особено ако подлогите ви се влажни, или ако врне снег, па го внесувате во возилото со чевлите.
Снегот се топи и ги влажни подлогите, а со тоа и доаѓа вашиот извор на влага.
Ако подлогите ви се влажни, извадете ги од автомобилот и исушете ги убаво. Отстранете се што е влажно од кабината на автомобилот и се што може да создаде влага, пишува магазинот ХАК.
Кај некои постари возила со послаба изолација, прозорците често ќе замрзнуваат одвнатре, па овие мерки нема да ви помогнат.
Што да се прави тогаш?
Отворете ја вратата на возилото и вклучете ја вентилацијата и насочете ја кон шофершајбната. На крајот, избришете го стаклото со сува крпа. Не користете средства за одмрзнување со спреј во внатрешноста на возилото бидејќи тоа не е особено здраво.
