Палчо побарал да го дополни исказот пред обвинителството, таткото на Вања поднел приговор

Двајца адвокати кои ги бранат осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, и 74-годишниот Панче Жежовски, поднеле приговори за обвинението, пренесува Телма.

Одбраната на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка, поднел приговор пред три дена. Адвокатот Туфегџиќ вели дека нема докази за кривичното дело кое му се терети на Ѓорчевски.

За Палевски не е завршена истрагата, со оглед дека 5 месеци беше во екстрадициски притвор во Турција. Неговиот адвокат Марјан Витановски за Телма кажа дека во понеделникот Палевски поднел барање за дополнение на исказот, затоа што за време на првиот распит, не располагал со докази за одредени прашања на обвинителството. Адвокатот Витановски побарал увид во списите на предметот.

Палевски во седумчасовниот распит негирал каква било вина.

Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата на Вања и на Панче.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното