ВИДЕО Бајден повторно залута, реагираше Мелони

Американскиот претседател Џо Бајден веќе подолго време предизвикува загриженост со своето однесување и сомнеж за своето ментално здравје. Списокот на незавидни моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување мртви и бројни други непријатни моменти.

Светските лидери во моментов се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџа Мелони.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа Бајден како да залута и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран, а Мелони веднаш се јавува со реакција и го го повлекува за ракавот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното