Утрово најниски температури има на Попова Шапка -1 степен и во Берово 0 степени.
3 степени во Лазарополе, 4 во Демир Капија, Маврови Анови, Крушево, 5 во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Претор, Штип, 7 во Крива Паланка, Битола, Охрид, Велес, 8 во Виница, Кавадарци, 9 во Тетово, Куманово, 11 во Гевгелија.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Во Скопје, претпладне претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.