100.000 тони храна се фрла, а 460.000 сиромашни – Бездомник: Никој не ме прашува дали ми треба нешто

Колку време сте на улица?

-12 години сум на улица. Никој не ме прашува дали ми треба нешто, никој, никој, никој…

Работевте претходно нешто?

-Метев улици, ама се разболев… Син ми работеше во една фабрика, ама  пропадна и тој е на улица.

Добивате ли социјална помош?

-Ни социјална, ни еднократна ништо не добиваме, секаде се жалев, џабе .

Колку пари ви се потребни, за да се помине месецот.

-Па, колку за храна да имаме.

Колку пати јадете дневно?

-Двапати, некогаш сака син ми сокче да се напие, па и јас, така ли е душа е?

По повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата 17 октомври, Македонија денеска беше  домаќин на регионална  конференција.

-Да ги споделиме  нашите  примери на успешните социјални  политики, но и да се мотивираме да продолжиме во тој правец.

Со конечна цел, никој да не биде запоставен, секој наш граѓанин да биде, центар на внимание и да го извлечеме од сиромаштијата-вели Заев.

На прашањето дали знае која е бројката на сиромашни во земјава, Царовска, објасни дека  Државниот завод за статистика доцни 2 години, така што реалната бројка за денес ќе ја знаеме во 2021 година. Всушност тогаш би ги дознале и ефектиктите од работењето на планот на намалување на сиромаштијата.                     

– За да може да се зборува за проценти и бројки треба да сме сигурни дека бројките кои биле презентирани претходно биле точни. 22% со статистиката што ја имаме денеска  се сиромашни-рече Царовска.

Има една контрадикторна состојба  во нашата земја. Од една страна премногу се фрла храна од друга страна има многу гладни. Токму затоа Здружението „Сите Сити“ се ангажирале , безбедната храна да им ја направат достапна на оние кои не можат да си обезбедат три оброци дневно и се сметаат за сиромашни.

– Во Македонија иамме 460 илјади сиромашни граѓани, од друга страна некои наши проценки велат дека  фрлањето на храна достигнува до 100 000 тони во една година, на пример, количината на храна на јаболки минатата сезона, 50 000 тони-рече Блаже Јосифовски од Здружение „Сите Сити“.

И овој   месец „Сите Сити“ имаат низа активности како готвење за децата од Шуто Оризари  , „Нахрани 10 000“,  доставување месечни пакети  до домовите на старите лицa.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното