Македонија

11 години од поставувањето на споменикот на Александар Македонски во центарот на Скопје

11 години од поставувањето на споменикот на Александар Македонски во центарот на Скопје

Во присуство на голем број граѓани, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и авторката на идејниот проект Валентина Стевановска, пред 11 години на постаментот на фонтаната на плоштадот „Македонија“ во Скопје беше поставена скулптурата на Александар Македонски.

„Среќна сум и горда што денеска Ве има тука во толку голем број, што дојдовте да го видите споменикот на кој работев три години. Се надевам дека кога целото дело ќе биде комплетирано, со сите планирани пропратни фигури, ќе се покаже вистинската слика и сите ќе бидат уште позадоволни“, изјави тогаш Стевановска по поставувањето на скулптурата.

Таа нагласи дека е особено горда што Александар Македонски ќе остане во македонско наследство за сите генерации.

Скулптурата изработена од бронза и висока речиси 13 метри е поставена на 10-метарски бетонски постамент. Релјефите прикажуваат сце­ни од бор­би­те на вој­ска­та која ја пред­во­дел Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски.

Техничките процедури и активности околу поставувањето ги изврши професионален тим од „Фрединандо Маринели“ каде е изработена скулптурата. Ли­е­ње­то на чи­ни око­лу 4,5 ми­ли­о­ни ев­ра, а из­град­ба­та на фон­та­ната 4 ми­ли­о­ни ев­ра.

Во истовреме во Битила, на плоштадот „Магнолија“ кај градскиот часовник беше поставен споменикот на Филип Втори, основачот на Хераклеја Линкестис, градот претходник на Битола во 4 век пред нашата ера.

Споменикот на македонскиот крал Филип Втори е во свечена одора, качен на коњ, излиен во бронза во Нови Сад, заедно со постаментот е висок 8,5 метри и е идејно решение на Ангел Коруновски, скулптор од Велес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни