Бакнежот е прекрасно искуство, момент кој ве зближува со вашиот љубовник и прави да уживате во сензуалната врска. Но, постојат неколку нешта кои можеби ги правите без да знаете дека на слаткиот бакнеж му додаваат кисел вкус. Еве неколку грешки кои би требало да ги избегнувате доколку сакате вашите бакнежи да се незаборавни.
1. Лош здив
Мијте ги забите редовно и секогаш земете мастика или ментол бонбона пред да се бакнувате со партнерот.
2. Брзање
Не брзајте и бакнувајте се сензуално и полека. Кога брзате го уништувате моментот и расположението.
3. Премногу јазик
Ако премногу го користите јазикот, тогаш бакнежот губи смисла и тоа може да биде иритирачки и одвратно за вашиот партнер.
4. Премногу плунка
Кога бакнежот вклучува премногу лиги и плунка, исто така може да биде непријатно за вашиот партнер.
5. Премногу допирање
Кога ќе почнете пребрзо да го допирате вашиот партнер на непристојни места, тој или таа ќе почнат да се чувствуваат непријатно.
6. Бакнеж без јазик
Претераното користење на јазикот може да биде непријатно, но тоа не значи дека треба да заборавите на него. Нежното, заводливо користење на јазикот при бакнување може да биде навистина секси.
7. Ако не сте опуштени
Не дозволувајте вашиот партнер да се чувствува непријатно поради тоа што сте напнати. Обидете се да се опуштите.
8. Контролирајте ги забите
Нема ништо полошо од судирањето со забите кога бакнувате некого.
9. Секогаш истиот бакнеж
Бидете иновативни и свежи и не повторувајте го постојано истиот досаден бакнеж.
10. Распукани усни
Одржувајте ги усните меки и спремни за бакнување со користење балсам за усни за време на зимските и ветровити денови.
11. Затворете ги очите
Бакнувањето со отворени очи може да биде навистина непријатно.
12. Прерано бакнување
Ако лошо ја процените ситуацијата и бакнете некого пред да биде подготвен, ќе направите тој или таа да се чувствува лошо. Не брзајте и почекајте го вистинскиот момент.