13-годишник загина во прилепско Лажани – се судрил со друг мопед!

На 02.05.2025 година во 08.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка  „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани. 

Во несреќата од здобиените повреди починал 13 годишниот малолетник при што смртта била констатирна од страна на лекар во Градската болница Прилеп, додека пак другиот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и не е во животозагрозувачка состојба. 

Извршен бил увид од надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп , а телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното