Божиќната еуфорија во западните земји можеби е резервирана за декември, но и во Холивуд има познати личности кои овој празник го слават во јануари.
Некои луѓе ја почитуваат оваа традиција поради нивното потекло, а не е невообичаено и оние кои го прифатиле православието благодарение на своите партнери.
Еве кој го слави православниот Божиќ во Холивуд:
Ким Кардашијан
Ким Кардашијан секогаш гордо го истакнува своето ерменско потекло, а љубовта и почитта што ги чувствуваше кон нејзиниот татко Роберт не се намалија дури ни кога тој почина. Од тие причини таа поради децата и сопругот Божиќ го слави на 25 декември, но и на 7 јануари.
Наоми Кембел
Манекенката Наоми Кембел не потекнува од православна земја, но се приклучила на Руската православна црква за време на нејзината врска со рускиот милијардер Владислав Доронин, па соодветно го слави Божиќ.
Том Хенкс
Својата вера и Том Хенкс ја подреди на љубовта, па влегувајќи во вториот брак, со актерката Рита Вилсон, го прифати православието. Нејзиниот татко е од Бугарија, а нејзината мајка е со грчко-албанско потекло.
Стана Катиќ
Ја обожававме актерката како Кејт Бекет во серијата „Замок“, а нејзините родители се Срби, па во нивната куќа се славеше и православниот и католичкиот Божиќ.
Тина Феј
Познатата комичарка и актерка има православни корени благодарение на нејзината мајка, која е Гркинка.
Џенифер Анистон
Популарната актерка Џенифер Анистон има грчки корени. Нејзиниот татко Џон е роден како Јанис Анастасакис на островот Крит во Грција. Актерката е позната и како личност која често донира пари за Грчката православна црква.
Раперor Weekend
Познатиот пејач го одгледале неговата мајка и баба откако неговите родители се развеле. И во една прилика истакна дека како дете често одел со својата баба на богослужби во етиопската православна црква Тевахедо.
Мила Јововиќ
Милица Богдановна Јововиќ е родена во Киев, од нејзината мајка Галина Логинова, поранешна руска актерка, и Богдан Јововиќ, српски лекар. Мила ја крсти и својата ќерка во Руската православна црква во Лос Анџелес.
Кристијан Бејл
Кристијан Бејл е 20 години во брак со манекенката со српско потекло Сандра Блажиќ, попозната како Сиби. По венчавката и тој се приклучил на православната црква, па Божик го слави на 7 јануари.
Дејвид Гахан
Пејачот на познатиот бенд „Депеш мод“ Дејв Гахан го прифати православието поради неговата сопруга Џенифер Скилаз.
Нина Добрев
Познатата комичарка и актерка има православни корени благодарение на нејзината мајка, која е Гркинка.
Убавата актерка е родум од Бугарија, а иако се труди своите убедувања и верувања да ги држи подалеку од очите на јавноста, познато е дека нејзиното семејство ги слави двата Божиќ.
Зек Галифианакис
Познатиот актер истакна дека пораснал како православен Грк, а е еден од оние кои го слават православниот Божиќ.
Бастијан Швајнштајгер
Освен еден Божиќ, има и такви кои ги слават двата, а еден од нив е германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, кој откако се ожени со поранешната тенисерка Ана Ивановиќ, почна да слави и католички и православен Божиќ.
