Македонија

14 пожари на отворен простор до 18 часот, еден сè уште активен

14 пожари на отворен простор до 18 часот, еден сè уште активен

Четиринаесет пожари на отворен простор се регистрирани во текот на денешниот ден до 18 часот, од кои најголем дел веќе се изгаснати. Според Центарот за управување со кризи, во моментов активен е еден пожар, додека еден е ставен под контрола.

Активниот пожар е во Општина Крушево, во близина на селото Борино, каде гори ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, на местото Дабова Дупка – Јасен, во близина на село Белица, на локацијата Кајорец. Таму е зафатена нискостеблеста и мешана борова шума.

Во текот на денот се изгаснати вкупно 12 пожари.

Во Општина Куманово пожарот бил пријавен на улицата „Илиевски“ број 51, каде горела ниска вегетација. Во Општина Велес пожарот бил во селото Иванковци и зафатил шума, додека во Струга горела ниска вегетација во селото Мороишта.

Во Македонски Брод, во селото Белица, пожарот зафатил ниска вегетација и стрниште. Во Општина Могила горела дива депонија, а пожари имало и во селото Ерџелија во Општина Свети Николе, каде била зафатена ниска вегетација.

Во Струмица пожарот бил на депонија во селото Габрово. Ниска вегетација горела и во Босилово, како и во селото Гечерлија, додека во Ново Село пожарот бил во селото Мокиево.

Пожар на ниска вегетација бил регистриран и на улицата „Брсачка Буна“ во Шуто Оризари, како и во населбата Јака – Марино во Општина Илинден.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека податоците се однесуваат на состојбата со пожарите до 18 часот на 14 септември 2026 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни