15 лица се хоспитализирани поради вдишување чад во пожар што избувна во хотел со пет ѕвезди во турското летувалиште Мармарис, објави Хабертурк. Пожарот што рано утринава се прошири од котларата на главната зграда на хотелот „Гранд Јазичи клуб Мармарис Палас“ е брзо изгаснат од противпожарните бригади и пожарот не се проширил во другите соби во хотелот, соопшти турското Министерство за култура и туризам. Сите 685 гости кои престојувале во хотелот за време на пожарот се евакуирани, а 15 лица кои се задушиле од чадот со возило на брза помош биле пренесени во болница.
СЛЕДЕТЕ НЕ: