Јавен обвинител од ОЈО ГОКК вчера донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Откако двајца од осомничените набавиле наркотична дрога-марихуана, ја сместиле во ПМВ со странски таблички кое било купено за таа намена. Потоа го ангажирале третоосомничениот чија задача била со шлеп служба возилото со дрогата да го транспортира од Струга до Свети Николе.
Транспортот се реализирал на 26.1.2026 година при што двајцата осомничени биле претходница на шлеп возилото. Околу 22.30 часот на регионален пат во околина на Свети Николе од страна на полициски службеници биле запрени двете возила и при преглед во возилото што се транспортирало со шлеп службата во багажниот простор и задната клупа биле пронајдени 8 торби со наркотична дрога – марихуана, спакувана во 50 пакувања со вкупна тежина од 150,0394 kg.
Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерки за обезбедување присуство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог што судијата го прифати и со Решение им определи мерка притвор на тројцата осомничени.
