16-годишно девојче почина по пад од зграда во Нови Сад

Страшна несреќа се случила вчера во вечерните часови во Нови Сад, кога засега непозната девојка (16) паднала од зграда на Булеварот на ослободувањето.

Според првичните информации, во Брза помош околу 19 часот било пријавено дека на тротоарот покрај зградата се наоѓало тело на девојка, а лекарите по пристигнувањето на местото на настанот можеле само да ја констатираат смртта на тинејџерката.

Оваа информација за РТВ ја потврдил портпаролот на Заводот за итна медицинска помош, доктор Зоран Круљ.

– Екипата интервенирала по прв приоритет во 18 часот и 56 минути на Булеварот на ослободувањето кај број 44. Лекарскиот тим можел само да ја констатира смртта на женско лице (16) – изјавил Круљ за РТВ.

Полицијата веднаш излегла на лице место и извршила увид, а според неофицијални информации станува збор за страна државјанка. Надлежните органи ги утврдуваат сите околности под кои се случила несреќата.

Истрагата, која треба да ги разјасни сите околности на настанот, е во тек.