На пругата во Кисела Вода денеска се случил сериозен инцидент кога младо момче, кое било качено на цистерна-вагон, доживеа струен удар.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за ТВ21 го потврдија настанот и информираа дека момчето веднаш било пренесено во Ургентниот центар со возило на Итната медицинска помош.
„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, потврдуваат од МВР за ТВ21.
Повеќе детали за состојбата на повредениот и причините за несреќата сè уште се очекуваат.