Малолетник од струшкото село Ташмаруништа е уапсен ноќеска откако со нож тешко повредил 24-годишно момче од Вевчани. Крвавиот инцидент се случил на улицата „15 корпус“ во Струга по претходна расправија меѓу двајцата.
Според информациите од МВР, настанот се случил во 00:50 часот, кога 17-годишниот Ц.В. го прободел М.П. (24).
Повредениот веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Струга, каде лекарите му констатирале тешки телесни повреди.
Малолетниот напаѓач е лишен од слобода, а од ОВР Струга најавуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.