18 години од смртта на најголемата ѕвезда на Македонија, Тоше Проески

Се навршуваат 18 години од смртта на еден од најдобрите македонски пејачи Тоше Проески. Момчето со ангелски глас трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Нова Градишка – Хрватска.

На 16 октомври 2007 година, патувајќи од Скопје до Загреб, на автопатот кон главниот хрватски град, неговото возило удри во камион, по што на лице место загина Тоше, а возачот и неговата менаџерка беа полесно повредени.

Веста за смртта ја потресе цела Македонија, но и пошироко. Многумина и натаму не се помируваат со неговата загуба. Оваа страшна вест на тој кобен 16 октомври 2007 година беше објавена и од најголемите светски новински агенции. Најголемиот дел од нив го нарекуваа „најголемата балканска ѕвезда“.

Остави големи дела и голема трага на македонската музика. Неговите песни и натаму се слушаат и се пеат низ целиот Балкан.