Уапсен македонски државјанин кој вчера возел 184 км/ч на автопатот кај Бујановац. Во таа прилика повредил полицаец, удрил и оштетил службено возило и го оштетил полицискиот радар.
Ова го потврди Бобан Накиќ, јавен обвинител во Бујановац.
„Му одредив притвор на државјанинот на С.Македонија Ј.А. (2002) бидејќи денеска возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац, удрил во службено полициско возило, при што во таа прилика бил повреден еден полицаец. При ударот бил оштетен и полицискиот радар. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари“, изјави Накиќ.
Неофицијално, несреќата се случила на делот од автопатот меѓу Бујановац и Прешево.