„На сите сограѓани од влашката заедница, ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите, и најискрено ви посакувам празникот да го минете во добро здравје и во пријатно расположение, споделувајќи радост и добра мисла со вашите најблиски“, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски.
Среќни сме што во нашата заедничка татковина припадниците на влашката заедница, како и на другите етнички заедници, ги имаат сите можности за зачувување и за зајакнување на својот јазичен и културен идентитет.
Со своите традиции, култура и фолклор, Власите суштински го збогатуваат нашето мултикултурно и мултиетничко општество.
Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите.