25-годишниот А.Ц. им подлегнал на повредите по тешката несреќа што се случи на 9 мај на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.
Во несреќата учествуваа патничко возило „Рено“ и мотоцикл „БМВ“, при што сериозни повреди доби 25-годишниот мотоциклист.
„На 10.05.2025 во 00.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А. (57) од с. Визбегово, скопско. На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц. (25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, истакнаа тогаш од МВР.
Возачот на автомобилот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.