Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа од направени 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19.
Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 26 починати лица.
- 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г)
- 2 починати од Тетово (66г и 79г)
- 2 починати од Велес (74г и 83г)
- Едно починато лице од Гевгелија (82г)
- Едно починато лице од Кавадарци (52г)
- Едно починато лице од Крива Паланка (74г)
- Едно починато лице од Куманово (81г)
- Едно починато лице од Македоснка Каменица (88г)
- Едно починато лице од Охрид (74г)
- Едно починато лице од Струмица (57г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.
Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија).
Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.