Синоќа во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 28-годишниот Т.Р. од Битола, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом.
При нападот, според информациите од СВР Битола, повредената баба претрпела тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Битола од страна на екипа на Итна медицинска помош.
Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

