3.000 вработени во институциите за култура останаа без плати

Вработените во институциите за култура низ државата уште еднаш се соочуваат со доцнење на платите, а реакциите не изостанаа. Од Синдикатот на културата на Македонија алармираат дека повеќе од 3.000 вработени останале без примања за април, што, како што велат, се повторува секоја година поради нефункционалноста и незаинтересираноста на надлежните институции. Дополнително, одговор на прашањето зошто нема исплата, засега не добиле.

Разочарани од односот на министерот за култура, од Синдикатот најавија протестен собир во вторник во 12 часот пред Министерството за култура.

На ситуацијата остро реагираше и опозициската СДСМ, обвинувајќи ја актуелната власт дека го оставила културниот сектор без плата во пресрет на Велигден. Од партијата порачаа дека „законот не важи за владата на Мицкоски“.

Синдикатот најави правна офанзива – кривични пријави против директори за непочитување на законите и колективните договори, како и индивидуални тужби против институциите за неисплатени и доцнети плати од последните три години. Покрај тоа, ќе бидат известени и меѓународни претставништва, особено на ЕУ и САД, за, како што велат, грубо кршење на уставно загарантираните работнички права.

Од Министерството за култура кратко изјавија дека исплатите ќе се реализираат по Велигден, заедно со предвиденото покачување на платите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното