3 многу обични, а сепак помалку познати начини да си го зајакнете имунитетот во зима

Ладните денови носат настинки, болки во грлото и воспаленија на синусите, а кога ќе опадне имунитетот, напаѓаат вирусите и бактериите. За среќа витамините не се единствениот начин да го одбраните организмот од болести. Испробајте ги овие 3 тркови кои гарантирано ќе ви го подигнат нивото на имунитетот.

Бакнувајте се – Ако ви е затнат носот, бакнувајте се, бидејќи бакнувањето го олеснува дишењето, а што подолго трае, одбранбената моќ на организмот станува поголема. И телесната температура се зголемува, па на заљубените често им е топло и не чувствуваат дека рацете и образите им замрзнуваат на надворешниот студ.

Слушајте музика – Започнете го денот со вашата омилена мелодија која ќе ви даде јака доза позитивна енергија и однапред ќе ви го ублажи стресниот ден. Музиката смирува, го подобрува памтењето и концентрацијата.

Шетајте – Никој не сака да излегува надвор кога температурата е под нулата, но постојаното излежување во затворена, топла просторија е многу опасно по здравјето. Секојдневно би требало да шетате на свеж воздух најмалку 20-30 минути, добро да се загреете и да се наоружате со пријатни мисли кои ќе ви ја загреат душата.