97-та Церемонијата на доделувањето на Оскарите ќе се одржи вечерва, а истата носи возбудливи моменти и некои големи промени.
Покрај одличните филмови, оваа година има и многу контроверзии.
Еве три работи што треба да ги знаете пред да започне вечерашното доделување на наградите.
Контроверзноста околу филмот „Емилија Перез“
Овој шпански мјузикл постави рекорд со 13 номинации за Оскар, вклучувајќи ја и номинацијата за Карла Софија Гаскоњ, која стана првата транс жена номинирана за Оскар во категоријата за најдобра женска улога.
Сепак, филмот доживеа голема контроверзност кога се појавија стари објави од профилот на Карла на социјалните мрежи, во кои таа ги критикуваше муслиманите, Џорџ Флојд, па дури и се потсмеваше на пејачката Адел.
Овие објави создадоа голема бура, особено меѓу муслиманската заедница, што негативно се одрази на филмот и неговата кампања.
Гаскоњ се извини, но целата ситуација предизвика големо негативно внимание, што на крајот го засени филмот.
Нови промени во преносот на Оскарите
Оваа година Оскарите првпат ќе се емитуваат во живо на платформата Хулу, што е голема промена во однос на претходните години. Водител на церемонијата ќе биде и комичарот и ТВ водител Конан Обрајан, што е уште еден новитет кој секако ќе внесе шмек на свежина и забава.
Годинава нема да има настап на сите номинирани за најдобра оригинална песна, како што беше случај претходно. Наместо тоа, гледачите ќе можат да уживаат во изведбите на уметници како Аријана Гранде, Лиза од К-поп групата Блекпинк и Доџ Кат.
Кој е веројатно да ги освои наградите?
Иако „Емилија Перез“ имаше многу номинации, прогнозите сугерираат дека наградата за најдобар филм ќе ја добие „Анора“, која ги освои главните награди на наградите на Здружението на писатели, на наградите на Здружението на режисери и на наградите на Здружението на продуценти.
Единствениот филм што ги освои сите три од овие награди во минатото, а не освои Оскар беше „Brokeback Mountain“.
Кога станува збор за главните актерски награди, аналитичарите предвидуваат дека Деми Мур ќе ја добие наградата за најдобра актерка за улогата во „The Substance“.
Иако филмот не бил совршен, како што истакнуваат филмските критичари, Мур одиграла улога која одлично и одговарала и тоа е најдобрата улога во нејзината кариера.