30 дена притвор за Раде Трајковски – Штекли и неговата група

Основниот кривичен суд во Скопје го усвои предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со кој е одредена мерка притвор од 30 дена за Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица од осомничената криминална група за трговија со дрога.

Притворот, како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, почнува да се спроведува од нивното пронаоѓање односно лишување од слобода.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во Судот, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Воедно, како што велат од Судот, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Од Кривичен посочуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Македонската полиција на 18 јануари го уапси Раде Трајковски-Штекли по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Претходно, на двапати имаше обиди за убиство на Штеки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното