30-дневен притвор за 25-годишен скопјанец откако со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити

На 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.

Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.