32-годишен охриѓанец настрада во вчерашната сообраќајка кај Косел

Во тешката сообраќајна незгода што се случи вчера во 17:15 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на селото Косел, животот го загуби 32-годишниот Љупчо Ј. од Охрид.

– На патниот правец, движејќи се од Охрид кон Ресен, тој управувал моторцикл марка „Јамаха“ и на критичното место, изгубил контрола и удрил во задниот дел од автобус со кочански регистарски ознаки, кој во моментов бил паркиран надвор од коловозот, на десната страна. Смртта е констатирана од дежурен лекар во Итна медицинска помош. На местото на сообраќајната незгода, увид изврши дежурен Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид како и овластен судски вештак. За време на увидот сообраќајот не беше запрен односно беше наизменично регулиран во двата правци, информираат од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција, а врз автобусот вонреден технички преглед.

inpress.com.mk

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното