35 ГОДИНИ НА СЦЕНАТА: Цеца со концрт на 15-ти јуни во Варна

Српската ѕвезда Цеца Величковиќ ќе прослави 35 години на сцената и ќе го прослави роденденот со концерт во Бугарија.

Таа на 15 јуни ќе се појави на сцената на Палатата на културата и спортот во Варна.

Спектакуларниот настан ќе започне со настап на бугарскиот пејач Меди и некои од неговите најголеми хитови, а веднаш потоа сцената ќе ја освои Цеца Величковиќ.

Пејачката ветува незаборавна летна балканска забава.