35-годишен работник од Бангладеш загина откако се заглавил во машина за правење бетон во кратовско!

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово велат дека несреќата била пријавена на 06.02.2025 година кога работник од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон.

„При извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото. Лекар констатирал смрт, а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор“, велат од СВР Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното