Македонија

360 лица биле следени и прислушувани во 2025 година, во секој чеврти случај се сузбивал класичен организиран криминал

360 лица биле следени и прислушувани во 2025 година, во секој чеврти случај се сузбивал класичен организиран криминал

Посебните истражни мерки во текот на изминатата година биле насочени кон разоткривање на тешки форми на деликвенција и корупција. Според официјалните бројки од Обвинителството, во текот на 2025 година под директен таен прогон и надзор биле ставени вкупно 365 лица. Од нив, 362 лица биле со прецизно утврден идентитет, додека само за 3 лица мерките се воделе под неутврден идентитет. Дополнително, мерките биле насочени и кон 56 предмети – главно патнички, товарни моторни возила и мотори поврзани со извршување на кривичните дела.

Споредбената статистика покажува дека бројот на таргетирани познати лица останал речиси идентичен со 2024 година (кога биле опфатени 363 лица), но регистриран е драстичен пад кај следењето на предмети, кои во 2024 година изнесувале дури 163.

Уделот на организираниот криминал

Од вкупно 44 нови случаи каде се повлекол потегот со примена на ПИМ, во 12 случаи или точно кај 27,3% од постапките, се работело за гонење на класичен организиран криминал. Извештајот детално ја појаснува правната дистинкција дека овие мерки се насочуваат кон структурирани организирани групи, банди или злосторнички здруженија кои дејствуваат со висок степен на заговор, што ја наметнува потребата од тајно прислушување бидејќи доказите не можат да се обезбедат на конвенционален начин.

Каталог на тешки кривични дела

Законската основа за активирање на овие инвазивни мерки, согласно член 253 од ЗКП, ја сочинуваат најсериозните кривични дела во државата. Наредбите биле издавани за случаи на Убиство, Прикажување порнографски материјали на дете, како и за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги (особено по чл. 215 ст. 3 за групи). На црната листа се наоѓаат и Изнуда, Перење пари, Злоупотреба на службената положба и овластување, како и класичните коруптивни дела Примање и Давање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Мерките биле неопходни и во делот на националната безбедност за дела како Злосторничко здружување, Терористичка организација, Тероризам и Финансирање на тероризам. На крајот, ПИМ се применувал и за Неовластено тргување со оружје, Криумчарење мигранти, Организирање група за трговија со луѓе и Трговија со дете.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни