Александра Заева со момчето ужива во Истанбул (ФОТО)

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, редовно на социјалните мрежи споделува интересни фотографии од дестинациите кои ги посетила.

Па така и овојпат, убавата Александра објавила фотографија на Инстаграм од Истанбул.

Ќерката на Премиерот негува едноставен младешки стил. Таа секогаш внимава на својот изглед, а овојпат има совршена есенска комбинација.

Тексас јакната е парче кое мора да го имате оваа сезона.

Судејќи по фотографиите на нејзиниот профил на „Инстаграм“ кој е отворен за јавноста, Александра Заева, ја сака модата, а по се изгледа дека и модата навистина ја сака неа бидејќи има одличен стил.

Нема дилема дека интересот за нејзиниот приватен живот секојдневно расте.

Некои медиуми веќе објавија дека Александра студира во Солун и дека е во сериозна љубовна врска, а оваа нејзина фотографија сега беше и еден доказ за тоа.

Премиерот Заев има уште едно дете, синот Душко кој е скоро три години помал од Александра.