4 дена пред кампања Левица и ЗНАМ останаа без пари за платено политичко рекламирање – АВМУ: Законот е недоречен

Иако се парламентарни партии со сопствени пратенички групи и повеќе од пет пратеници, Левица и ЗНAM нема да имаат право на платено политичко рекламирање на телевизиите. Парадоксално, право на медиумски простор ќе добијат и помали партии со помалку пратеници, потврди Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

„Нацрт-упатството е такво какво што е затоа што е таков изборниот закон. Ние ова упатство го донесовме во консултација со сите четири институции задолжени за изборниот процес – ДИК, ДЗР, ДКСК. Констатиравме дека постојат недоречености и слабости во Изборниот законик и за тоа го известивме претседателот на Собранието. Но, бидејќи процесот на измените беше блокиран, Советот на агенцијата и јас како директор немаме друга можност освен да го почитуваме законот,“ изјави директорот на АВМУ.

Тој појасни дека категоријата на партии со шест пратеници и формирани пратенички групи не е дефинирана во актуелниот Изборен законик, па со тоа не може да биде опфатена со сегашното упатство.

„Ни ние не сме среќни што е тоа така, но мора да го почитуваме законот. Измена на упатството без промена на Изборниот законик не е можна,“ нагласи директорот на агенцијата.

Од АВМУ додаваат дека ваквата состојба уште еднаш ја покажува неопходноста од измени на Изборниот законик за да се спречат неправичности и нерамноправен третман на партиите во изборниот процес.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.