Смртта на 45-годишна жена од гостиварското село Врапчиште била констатирана синоќа во Ургентниот центар во Гостивар, каде што била донесена без знаци на живот.
Случајот бил пријавен во 21:45 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар, информираат од тетовската полиција.
Лекар констатирал смрт кај жената, при што на телото не биле забележани видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција, со која треба да се утврдат причините за смртта.
Полицијата работи на расчистување и документирање на случајот.