Македонија

50 декари дабова шума гори над селото Митрашинци – Руменовски: Потребната помош од населението и механизација ќе се реализира утре

50 декари дабова шума гори над селото Митрашинци – Руменовски: Потребната помош од населението и механизација ќе се реализира утре

Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски вели дека голема површина со околу 50 декари дабова шума моментално гори над селото Митрашинци и пожарот не е под контрола.

„Местото е на огромна далечина од селото па поради лошиот пат до опожарениот дел и моменталниот временски период каде за некој час ќе се стемни, потребната помош од населението и механизација ќе се реализира во текот на утрешниот ден наутро“, истакна Руменовски.

Помош во гаснењето на пожарот најавија и од Доброволното против пожарно друштво од Кочани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни