Македонија

6.888 лица починале од кардиоваскуларни заболувања во Македонија минатата година

6.888 лица починале од кардиоваскуларни заболувања во Македонија минатата година

Редовната контрола на крвниот притисок, шеќерот во крвта и телесната тежина може да помогне во навременото откривање на ризиците за кардиоваскуларни заболувања, кои и понатаму се водечка причина за смртност во Македонија.

По повод Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организираше бесплатни превентивни прегледи за граѓаните, со стручни совети и основни мерења, а пунктот го посети и министерот за здравство Сашо Клековски.

Според податоците на ИЈЗ, минатата година од болести на кардиоваскуларниот систем починале 6.888 лица, што претставува 34 отсто од вкупниот морталитет во земјава.

Клековски порача дека дел од ризиците може да се откријат со едноставни и достапни проверки, а особено внимание треба да се посвети на високиот крвен притисок и нерегулираниот дијабетес.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни