63.773 денари изнесува минималната синдикална кошница за февруари

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари, што е за 521 денар повеќе од јануари. За семејство што живее во изнајмен стан од 60 м², трошоците се 79.148 денари, соопшти ССМ.

Најмногу средства одат за храна и пијалаци – 23.427 денари (36,7%), потоа за облека и обувки 5.800 денари (9,1%) и за домување, струја и вода 6.096 денари (9,6%). За хигиена се издвојуваат 2.195 денари (3,4%), за здравје 1.135 денари (1,8%), а за транспорт 4.844 денари (7,6%).

Трошоците за комуникации се 3.417 денари (5,4%), за рекреација и култура 4.592 денари (7,2%), за образование 7.036 денари (11%), за ресторани и хотели 4.131 денар (6,5%), а за останати услуги 1.100 денари (1,7%). Живот во изнајмен стан бара дополнителни 21.471 денар.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното