Македонија

69-годишен маж од Штип почина во болница, ќе се врши обдукција

69-годишен маж од Штип почина во болница, ќе се врши обдукција

69-годишен маж починал во Клиничката болница во Штип, откако бил донесен со влошена здравствена состојба.

Од СВР Штип информираат дека вчера вечерта во 18:20 часот во болницата бил примен Д.К. (69) од Штип. И покрај укажаната медицинска помош, тој набргу потоа починал.

По барање на семејството, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта, соопштија од СВР Штип.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни