7 милиони прегледи: Момци, погледнете што подготви ова момче на девојкaта за Денот на вљубените

Тик токерот Рејчел Риглер на својот профил објави видео во кое покажа романтично изненадување кое и го приреди нејзиното момче, актерот Адам Хубер по повод Денот на вљубените.

На вратата ја пречека белешка, а кога влезе внатре, чаша вино и романтична песна ја дочекаа покрај вратата, но тоа беше само почеток на раното изненадување за Денот на вљубените. Во ходникот видела црвени и бели ливчиња од роза како формираат романтична порака, а потоа нејзиното момче ја пречекало со чаша вино и нивното куче во рацете, додека на масата ставил јагоди и слатки подароци.

@rachelrigler ✍🏼✍🏼 marry this man ✍🏼✍🏼 #valentinesday ♬ original sound – Rachel Rigler

Видеото стана вирален хит и за само неколку дена собра повеќе од 7,1 милиони прегледи и 1,2 милиони лајкови, а тиктокерите не престануваат да го коментираат романтичниот гест.

„Сакам кога луѓето се сакаат на вистински начин“, „Замислете само како ќе изгледа неговиот предлог“ и „Каде наоѓате такви момци? се само дел од бројните коментари.