Постојат моменти кога животот ќе ве исфрли од рамнотежа и ќе ве фрли во гнездото на негативноста, кое е полно со отров. Ќе се чувствувате како засекогаш да сте загубиле, но добрата вест е дека ИМАТЕ ИЗБОР! Имате моќ да запрете и да ја напуштите негативната токсичност еднаш – засекогаш. Кога еднаш ќе сфатите дека вие самите сте одговорни за сето она што ви се случува во животот, ќе ви биде многу полесно да се соочите со било што.
Ова се 8-те отрови кои што ве јадат и мора да ги отстраните од својот живот, ако сакате да бидете среќни и да живеете мирно!
И запомнете, моќта е целосно во вашите раце. Направете го првиот чекор!
1. Нека се слушне вашиот глас
Вие сте тие што сте одговорни за сопствениот живот! Ако нешто не ви се допаѓа, или ако не се согласувате со нечие мислење, кажете го тоа. Ако сакате да направите промени, нека се слушне вашиот глас. Не треба да се срамите, не се затворајте во себе. Само кажете го гласно!
2. Ароганција
Без оглед што работите, избегнувајте го отровот на ароганцијата. Бидете сигурни дека е здрава и убава особина да имате висока самодоверба, но бидете внимателни бидејќи вашата преголема самодоверба лесно може да ве доведе до недостаток на емпатија и чувство на супериорност над другите, таканаречено – ароганција.
3. Деструктивна самокритичност
Здрава доза на самокритичност е неопходна, за да нè спушти на земја кога ќе залутаме на небо. Сепак, ова не е изговор за да се деградирате и да мислите дека сте безвредни. Вие сте многу повеќе од тоа што мислите дека сте. Бидете доследни на себе и променете го тој деструктивен став. Вие го заслужувате целиот свет!
4. Престанете да барате одобрение од некој друг
Запомнете, и никогаш не заборавајте дека клучот за мир и вечна среќа се наоѓа во вас, а не во другите. Затоа, престанете да барате одобрение од другите за сè, па и за тоа да бидете среќни. Само бидете тоа што сте!
5. Постојано анализирање на минатото
Не ја губете енергијата на минатото. Не дозволувајте животните прилики да поминат покрај вас, додека вие размислувате на минатото и работите што се случиле некогаш. Тоа што е направено – направено е. Нема враќање назад. Сконцентрирајте се на сегашноста.
6. Страв од иднината
Иднината е надвор од дофат. Затоа, нагласувањето на нешто што можеби ќе се случи или воопшто не се случило, не е нешто на што треба да го трошите времето. Не можете да ја предвидите иднината. Но, имајте на ум дека тоа што го правите во сегашноста, ќе влијае на вашата иднина. Работете на тоа!
7. Себичност
Вие сте број еден приоритет самите на себе, и тоа е сосема во ред. Меѓутоа, не треба да дозволите да бидете единствен приоритет во сопствениот живот. Ако сакате животот да ви биде исполнет со значајни односи и луѓе кои ви значат, треба да научите да ги почитувате мислите и потребите на другите.
8. Љубомора
Немојте да бидете ситничари. Ако видите дека некој прави нешто многу подобро од вас, застанете за момент и не дозволувајте љубомората да ве надвладее. Не можете да се споредувате со другите. Наместо тоа, славете го неговиот успех и продолжете да работите на сопствените цели.