На 15.03.2025 во 08.20 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на Езеро Младост во Велес со тешки телесни повреди бил пронајден В.Г.(85) од Велес, кој бил пренесен во Општа болница Велес, каде што по кратко време починал.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
Во врска со настанот, а по насока од јавен обвинител, од слобода била лишена 53-годишната С.Г..
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.