9 докази кои потврдуваат дека мажите знаат да бидат романтични

Честопати на мажите стереотипно им се суди дека се нечувствителни и ладни, дека повеќе се заинтересирани за натпреварот и за пивото отколку да бидат романтични, но тоа не е вистина. Можеби не сонуваат за совршената свадба, но момците сакаат да создаваат посебни моменти исто колку и жените. Еве 9 докази кои ќе го потврдат тоа.

1. Сакаат да одат на состаноци, дури и ако не ги осмислиле сами – Добро, не дека сакаат да гледаат романтични филмови, но сакаат да ги усреќуваат нивните девојки, па макар тоа да значи да седат да гледаат филм кој не им е баш по мерак.

2. Сакаат гушкање и милување – Затоа што нема некој што не го сака тоа. Ама баш никој. Дури ни мажите.

3. Ја носат чантата на нивната пијана или уморна девојка – Секако дека можете сами да ја носите, но сепак признајте дека е послатко кога тој го прави тоа.

4. Ја отвораат или ја држат вратата отворена – Затоа што е љубезно да ја држиш вратата отворена за личноста пред или после тебе.

5. Тие се обожаватели на јавното искажување љубов – Можеби нема да ја нарекуваат својата девојка со слатки имиња во јавност затоа што се срамат, но сакаат да покажат дека таа е нивна.

6. Сакаат да ја бранат женската чест – Не како во Средновековието – со дуели и со фрлање нараквици, но сепак тие секогаш ја бранат нивната девојка.

7. Знаат да пратат слатки пораки бидејќи мислат на неа – Иако никогаш не зборуваат за тоа, тие сепак го прават. Макар и да станува збор само за некој романтичен стикер.

8. Можат да изненадат со понекој мал подарок – Кога неговата девојка има добиено тој знае дека таа посакува чоколадо. Некои дури би рекле дека тоа е подобар подарок од нешто скапо – особено ако го барал омилениот вкус во 10 различни продавници.

9. Прават појадок наутро (или само ќе ве разбудат со кафе) – Бидејќи сечиј ден треба да започнува така.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното