Министерството за внатрешни работи соопшти дека во хотелски објект во селото Добри Дол кај Гостивар уапсени се девет државјанки на Колумбија, откако се сомнева дека злоупотребиле туристички визи.
Акцијата се реализирала околу еден ипол часот по полноќ на 25 ноември, при што полицијата затекнала вкупно 13 девојки, меѓу кои и четири државјанки на Македонија.
Против деветте Колумбијки се поднесени кривични пријави, а Основниот суд во Гостивар одреди мерка забрана за влез во земјава на една година, како и парична казна.