Македонија

„Држава за сите, бидејќи Албанците оваа држава не ја чувствуваат како своја поради дискриминацијата“, вели Скендер Реџепи

Во изборната дебата на ТВ21, Реџепи вели дека Албанците во оваа држава се дискриминирани, а тоа го покажуваат и неколкуте веќе објавени извештаи.

„Според податоците на Народниот правобранител за 2018 година, чиј извештај беше објавен во 2019, досега адекватната застапеност на Албанците на државно ниво изнесува некаде околу 19%. Доколку на ова му се додаде и падот во последните две години, доколку се  додаде и фактот  дека голем број  Македонци, кои за да се вработат се изјасниле како Албанци, се намалува нивниот процент. Доколку на ова се додаде и фактот дека имаме одреден број административци Албанци кои земаат плата, а седат дома, тогаш доаѓаме до заклучок дека ништо повеќе од 15% нема да изнесува  адекватната застапеност на Албанците во државните институции, и тоа во државната и локалната админстрација. Сметаме дека ова е  дискриминација  сама по себе, бидејќи оние Албанци кои што земаат плата, а седат дома, тие добиваат плата од  даночните обврзници на сите граѓани, вклучувајќи ги и Албанците, а обврска на административците е да бидат на располагање на сите граѓани, вклучувајќи ги и  Албанците, а со ова се загрозуваат нивните права. Фактот што ние во оваа земја имаме голем број Албанци кои немаат право на државјанство, не добиваат државјанство и покрај тоа што тука се родени и живеат тука, имаат склучено брак во Северна Македонија, сепак дискриминирачкиот закон за државјанство им оневозможува да добијат државјанство“,вели Скендер Реџепи.

Во изборната дебата вечерва се дел од идните пратеници од првата изборна единица.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни