ТВ21 продолжува со реализација на изборните дебати во рамки на предвремените парламентарни избори закажaни за 15-ти јули.
Вечерва во студиото се дел од кандидатите за пратеници од првата изборна единица.
Мила Царовска од коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, вели дека нивната партија ќе донесе покачување на минималната плата за 40% и зголемување на просечната плата за 30%.
„Повисок стандард кај сите граѓани, зголемување на минималната плата до 40%, а просечната до 30%, како и пензијата. До 10.700 денари ќе биде минимум кој ќе биде исплаќан како пензија во државата, со тоа веруваме дека нашите граѓани ќе имаат еднакви можности за живот“, вели Мила Царовска во изборната дебата на ТВ21.
Додава дека нивната коалиција ќе биде насочена и кон правдата, односно ставање во пракса на сите закони кои се донесени во минатото, како и проверка на имотот на судиите и обвинители.
.