Претседателот на државата Стево Пендаровски вели дека не се согласува со испратеното писмо од екс-претседателот Бранко Црвенковски, но вели дека такви обраќања треба да има почесто.
„Првата реченица во тоа обраќање вели драги сопартици, мојот став е, кога веќе еднаш сте биле претседател, па и премиер, но претседател на држава вие мора до крајот да останете“, потенцираше Пендаровски.
Бучковски не смее да има различни ставови од државните, тој е само претставник. Тоа беше така и 25 години наназад, за време а грчко-македонскиот спорт, рече претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Сител.
„Тој е испорачувачот на пораките тоа што државниот врв го мисли и тоа е јасно за секој. Со мали варијации и јас и Заев, Димитров, Османи имаме идентичен став дека постојат црвени линии за кои не може да се преговара“, потенцираше Пендаровски.