Македонија

Еве што му подготвија на Пендаровски за вечера во Атина за првата историска посета

Претседателот Стево Пендаровски, денеска и утре престојува во посета на Грција, со што стана првиот претседател на Македонија кој гостува во официјална посета на нашиот јужен сосед.

Според агендата, за вечерва беше закажана државна вечера.

Менито на државната вечера по повод официјалната посета на Претседателот Пендаровски на Република Грција беше составено од морски специјалитети комбинирани со традиционална грчка храна, јавува специјалниот дописник на ТВ 21 од Атина.

Претседателот Пендаровски денеска во Атина оствари средби до претседателката Катерина Сакеларополу, и премиерот Кирјос Мицотакис.

Пендаровски останува во Грција и утре, кога има планирано неколку средби и настани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни