Две патнички возила биле зафатени од пожар што избувнал синоќа на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров.
Според информациите од МВР, пожарот бил пријавен на 14 октомври околу 22:35 часот.
Огнот зафатил автомобил Peugeot, сопственост на 28-годишниот Б.А., како и Renault, сопственост на 47-годишниот М.Н., двајцата од Скопје.
На местото интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, кои го изгаснале пожарот.
Повредени лица нема, а полицијата презема мерки за утврдување на причините за избувнувањето на огнот.