Македонија

Облачно и студено со врнежи од дожд – температурите до 16 степени

Облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне само 14 степени.

Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни