Свет

Продолжуваат изборите во Чешка

Денеска е втор ден од парламентарните избори во Чешка , пренесува Ројтерс. Изборите започнаа во петокот, а завршуваат денеска во 15 часот.

Иако премиерот Андреј Бабиш беше критикуван за лошо управување со пандемијата, натрупување брзо растечки долгови и грижа за своите деловни интереси, тој и неговата партија АНО имаат мало водство на изборите.

Резултатите се очекуваат во првите неколку часа по затворањето на гласачките кабини.

Потсетуваме, во Чешка се одржуваат избори за долниот дом на чешкиот парламент, на кои се одвива главниот законодавен процес и кој има многу поголемо влијание врз сите аспекти на чешкото општество отколку горниот дом – сенатот.

Партијата на Андреј Бабиш се смета за фаворит, но нема да има мнозинство и ќе мора да формира владејачка коалиција .

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни