Свет

Напад со тупаница: Нападнат десничарскиот кандидат за претседател на Франција (ВИДЕО)

Кандидат за претседател на Франција бил нападнат за време на митинг. Жртва на нападот со тупаница е екстремно десничарскиот новинар, а сега политичар Ерик Земур.

Инцидентот се случил во париското предградие Вилпент. Напаѓачот е приведен, а Земур е неповреден.

Земур ја доби поддршката на екстремно десничарските гласачи со својата антиимигрантска реторика. Неговиот слоган е „Да ја освоиме Франција!“.

Во последниве години, тој беше на насловните страници со неговите последни коментари во печатот против илегалната имиграција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни